Лутфиу: Со отворањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ ДУИ ги исполнува ветувањата

Од:

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска изјави дека неговата партија, Демократската унија за интеграција, со отворањето на новиот Универзитет „Мајка Тереза“ ги остварува ветувањата што им ги дала на своите гласачи.

– Универзитет „Мајка Тереза” во Скопје работи со пет факултети, главно технички, осигурувајќи 84 работни места за академскиот кадар и Ректорат кој се наоѓа во центарот на градот, со сите потребни услови за функционирање на Универзитетот. Денес ветуваме дека политиките на ДИУ на чело со Али Ахмети го продолжуваат патот на спроведувањето на овој гигантен и историски проект за сите Албанци во Македонија. ДУИ ги презема сите мерки од страна на Министерството за образование да донесе зголемување на буџетот за капитални инвестиции од година во година,  рече Лутфиу.

Информираше дека за објектот на Универзитетот „Мајка Тереза” е обезбеден детален урбанистички план, а се подготвува и концепт и план на Универзитетот врз чија основа, како што рече, МОН ќе го објави јавниот повик за избор, за следната година да почне изградба на универзитетскиот кампус во Скопје.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански