Лустрирани Васил Тоциновски и Трајко Батанџиовски

Од:

Комисијата за верификација на фактите на својот веб страница ги објави решенија за Васил Тоциновски и Трајко Батанџиовски за кои утврди дека биле соработници на Службата за државна безбедност (СДБ) и на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК).

Писателот Тоциновски, според Комисијата, работел за СДБ додека бил помлад соработник во Институтот за фоклор на Македонија, а за таа тајна задача Службата го нарекла „Гогољ“.

Според решението, „Гогољ“ пред да биде дерегистриран од соработничката мрежа на СДБ бил ангажиран за следење, документирање и попречување на активностите на лица кои биле интересни за СДБ потади македонски национализам и сепаратизам.

Трајко Батанџиовски, претседател на Управниот одбор на битолската клиника „Д-р. Трифун Пановски“, пак, во СДБ бил воден под името „Виктор“. Тој за СДБ ги следел македонските студенти во Варна, Бугарија. Според лустраторите „Виктор“ бил дел од тајните акции „Пирин“, „Витоша“, и „Прослави“.

Комисијата за лустрација досега објави имињата и документи на 43 лица за кои утврди дека биле соработници на тајните служби.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска