Лустрирани три лица поранешни носители на јавни функции

Од:

Комисијата за верификација на фактите на денешната седница две лица прогласи за соработници и наредбодатели и едно лице за соработник на поранешните тајни служби. Сите тројца се поранешни носители на јавни функции.

Како што изјави за МИА портпаролот на Комисијата Предраг Димитрoвски, едното лице било републички делегат во Собранието и тоа се јавува како извор и како наредбодател, значи соработник и наредбодател. Бил вработен во МВР и стигнал до заменик-началник на еден од секторите во МВР. Тој кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години врбувал и следел, меѓу другото, македонски средношколци во оперативна акција насловена „Младинци“, а во седумдесеттите години истите активности ги спроведувал и кај албански студенти кои биле на студии во Скопје.

Бил ангажиран кај лица за кои постоело сомневање дека делувале од позиции на македонски национализам и сепаратизам, како и за албански национализам и шовинизам.

Документите потврдуваат, посочи портпаролот, дека со своите активности ги прекршувал основните човекови права и слободи од идеолошко-политички причини.

Второто лице, кое е исто така соработник и наредбодател, било вработено во МВР во повеќе градови низ Македонија и ги прекршувал човековите права и слободи, исто така од идеолошко-политички причини до почетокот на осумдесеттите години кога се префрлил во Центарот за образование на кадри од областа на безбедноста, каде станува директор и декан на Факултетот за безбедност.

Лицето, пак, што е само соработник се јавува во улога на оперативна врска кон крајот на седумдесеттите години и делувал кај лица осомничени за албански национализам и шовинизам, како и кај албанската емиграција во странство. Бил републички делегат во општествено-политичкиот собор, а извесен период и потпретседател на кичевското собрание.

На денешната седница членовите на Комисијата за еден предмет одлучиле дека треба да бидат обезбедени дополнителни сознанија и документи, а еден предмет е затворен затоа што за тоа лице  не можело да се утврди соработка со тајните служби, туку дека било нивна жртва.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска