Комисијата за верификација на факти лустрираше нови двајца наредбодавачи и еден соработник со тајните служби.
На дневен ред бил уште еден потенцијален кодош, но поради немање доволно информации за него била одложена одлуката.
Членот на Комисијата од опозицијата Чедомир Дамјановски, повторно ги обвини колегите дека лустрираат незаконски, бидејќи во законот не била предвидена лустрација за наредбодавачи.
Имињата на новите лустрирани ќе бидат обелоденети за три дена.