Васил Костојчиновски и Мирко Буневски, не го минаа лустрациското сито на Аџиев, На сајтот на Комисијата осамнаа нивните имиња и доокументи дека во текот на седумдесетите години во повеќе наврати наредиле или одобриле оперативно-технички мерки против одредени граѓани.
Комисијата, според договорот, нема да го објави идентитетот на третиот секретар на СДБ, бидејќи е починат, но и тој, давал наредби за оперативно-технички мерки против одредени граѓани.
Според Комисијата, Васил Костојчиновски, поранешен републички потсекретар во СДБ и Мирко Буневски, републички секртар за внатрешни работи давале наредби за следење и прислушување на лица поради идеолошко-политички причини.
Според документите , еден од жртвите на двајцата функционери на СДБ бил и Ристо Шишков.
Објавените документи покажуваата дека Костојчиновски наредил следење на директор кој потоа бил самостоен стручен соработник во Институтот за македонски фолклор во Скопје, поради неговите националистичко сепаратистички ставови, како и следење на актерот Ристо Шишков во 70-тите години.
Буневски наредил и следење и на 28 ученици и четворица учители во Техничкиот училишен центар “Скопје” кои пееле албански песни поддржувајќи ги контрареволуционерните протести во Косово во 1981 година. Досега се објавени имињата на 26 соработници на тајните служби и имињата на двајца наредбодавци.