Комисијата за верификација на факти денес лустрираше поранешниот градоначалник на Струга.
Екс-претседателот на општината според Комисијата за верификација на факти од 1977-та бил соработник на тајните служби цели 10 години.
Тој под псевдонимот „Вихор“ соработувал со тајните служби од идеолошко-политички причини и давал информации за либерали и антисамоуправни елементи.
Станува збор за дипломиран инжинер роден во Охрид кој работел во хидроцентрали во западниот дел на Македонија, а потоа станал и претседател на Собранието на општина Струга, функција која е еднаква на сегашен градоначалник.