Комисијата за верификација на фактите лустрираше двајца поранешни функционери, меѓу кои едниот е поранешен амбасадор во Полска, а другиот е потсекретар во МВР. Документте за лустрираните функционери ќе бидат објаврни во рок од три дена, а за поранешниот потсекретар на МВР, само името.
За претседателот на партијата Титови леви сили, Слободан Угриновски, постапката беше повторена, бидејќи Комисијата дошла до нови сознанија и документи, односно дека Угриновски не само што кодошел странци, туку и домашни граѓани.
– Дефинитивно, по една ипол година, мнозинството во Комисијата гласаше и осознава дека тие докази не се доволни Угриновски да биде прогласен за соработник и сега манипулирајќи со Законот сакаат да уфрлат дополнителни докази за што повеќе да го оптоварат тоа лице кое веќе е на суд и сметам дека во оваа фаза немаме право на дополнителни докази – изјави членот на Комисијата за лустрација, Чедомир Дамјановски.