Лустраторите се поделија повторно, но сега на тие што го бранат новиот закон и на тие што го бранат Уставот. Ниеден од процедуралните предлози на членовите од опозицијата да се утврди како ќе се работи во иднина, Комисијата не ги прифати.
Комисијата за верификација на фактите го одби и предлогот на членовите предложени од опозицијата да се покрене кривична одговорност за еден портал кој објави имиња на лустрирани функционери. Претседателот на Комисијата Томе Аџиев сметал дека за такво нешто немало потреба, зашто имињата ќе се објавувале и на официјалната веб страна на Комисијата за верификација на фактите.
Членовите од опозицијата сметаат дека Комисијата за верификација на фактите ќе продолжи да работи селективно, а и нелегално со оглед дека на претседателот Томе Аџиев му е одамна истечен мандатот.
Членовите на опозицијата сметаат дека треба да се почека исходот од одлуката на уставниот суд, зашто е повторно оспорен новиот закон за лустрација. Според некои од нив, не може законот да биде над Уставот.