Лустраторите пронашле тројца сомнителни меѓу кандидатите за советници, јави Алфа.
Иако минатата недела претседателот Томе Аџиев до Државната изборна комисија достави информација дека сите кандидирани советници и градоначалници имаат чисти досиеја, денеска има ново објаснување – низ дополнителната проверка било утврдено дека најмалку тројца од кандидатите за советници имаат досиеја во кои постојат елементи врз основа на кои може да се заклучи дека биле соработници на тајната полиција.
Единствениот лустратор од таборот на опозицијата, Чедо Дамјановски уште на почетокот на неделата изрази негодување токму поради тоа што, како што обвини, сите досиеја биле набрзина прочешлани, без да се почитуваат процедурите.
Според информациите на телевизијата, меѓу кодошите има кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, еден на ДПА и претставник од независна листа.
Комисијата за лустрација за утре најавила дека ќе ги обелодени кандидатите, кои нема да имаат право да учествуваат во трката за локална власт.