Членовите на Комисијата за верификација на фактите го лустрираа екс министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски кака наредбодавател, односно дека во периодот од 1992 до 1996 година дека давал наредби за следење со што ги прекршил човековите права и слободи.
Освен Фрчковски за наредбодатели се прогласени уште шестмина поранешни функционери, а еден е прогласен за соработник на тајните служби.
Чедомир Дамјановски од Комисијата за лустрација за А1 наведува дека одлуката не е уставна со оглед дека Уставниот суд се има признесено за лустрирањето на сите поранешни функционери по 1991 година. Според него оваа одлука за прогласување наредбодатели не е ниту законска зашто во членот 4 од законот никаде нема за лустрација на наредбодател.
Појаснува дека во новата верзија на законот од 2012 година, не пишува дека се лустрираат наредбодатели но и дека покрај укажувањето останатите членови на Комисијата го изгласале тоа за седумина функционери меѓу кои и Фрчкоски.
-Тие се држат за член 18. став 6. но тоа е описен член што е соработник а што информатор, кој најверојатно останал кога го препишувале законот. Во новиот закон никаде не пишува дека се лустрира наредбодател. Дали е заборавено тоа да се напише или прескокнато не знам, вели Чедомир Дамјановски.
Според него денеска била донесени 14 досиеја и не била оставена временска рамка за да се разгледаат, туку само се гласало.
Претседателот на Комисијата, Томе Аџиев за А1 вели дека се е напишано во членот 18. и не е описно, зашто по тој пример и членот 4. би бил описен.
-Ваму пишува кои се соработници, а таму кои се нарадбодавачи. Двете се исто, само се различни членови, вели Аџиев.