Комисијата за верификација на факти , реагира на вчерашната дебата на Мустафа Спахиу, долгогодишен новинар на Македонското радио, еден од оние кои беа прогласени за соработници на тајните служби.
Го повикуваат Спахиу, да изврши увид во информациите собрани за него, а врз основа на кои беше донесено решението за соработка со органите на Државната безбедност.
„Наместо да се служи со политички дисквалификации и квалификации за членови на комисијата, ако не е подготвен да дојде лично, тогаш нека биде доблесен и нека се согласи документите врз основа на кои е прогласен за соработник на тајните служби да бидат јавно објавени на сајтот на комисијата“, реагираат од Комисијата.
Спахиу појаснуваат нема поднесено жалба на решението.
Вчера Мустафа Спахиу на дебата обвини дека претседателот на Комисијата Томе Аџиев е албанофоб, и праша кој ќе одговара за болеста на неговара сопруга која е смртно болна, и за други лица кои се прогласени за кодоши. Спахиу рече дека е чесен човек а не кодош.