Комисијата за верификација на фактите досега ги прочисти најголем дел од кандидатските листи доставени до Општинските изборни комисии (ОИК) и ги испрати на разгледување до четирите надлежни институции. До крајот на денот целосно ќе се заврши таа обврска за 80 општини плус Градот Скопје, изјави Предраг Димитровски, портпарол на Комисијата.
Лустрациска до Управата за безбдност и контраразузнавање во МВР, Воената служба за безбедност и разузнавање во МО, до Агенцијата за разузнавање и до Државниот архив ги испраќа само оние на кои се наоѓаат првпат на листите.
– Доколку четирите надлежните институции утврдат дека некои од кандидатите минува низ нивната евиденција се должни да ја известат Комисијата и целата документација за тоа лице да ја достават до неа, која во рок од 24 часа треба да утврди и да донесе решение дали тој кандидат или тоа лице било и не било соработник со поранешните тајни служби од идеолошко политички и партиски причини. Доколку било соработник тогаш Комисијата е должна да ја извести ОИК односно ДИК, која пак има обврска да го повика подносителот на листата на која се наоѓа тоа лице и да го замени со друго, појаснува Димитровски.
Според него, првичните анализи покажале дека една третина од лицата веќе го нпоминале лустраторскиот филтер, додека меѓу останатите две третини доминираат млади луѓе.