Комисијата за верификација на фактите ја заврши постапката за сите 80 општини и Градот Скопје за проверка на 6.339 кандидати за советници и градоначалници и ја извести Државната изборна комисија односно општинските изборни комисии, изјави за МИА портпаролот на Комисијата Предраг Димитровски.
Од четирите надлежни институции за 12 кандидати беше утврдено дека поминуваат низ евиденциите на Државниот архив, но Комисијата утврдила дека ниту едно лице не било соработник на поранешните тајни служби. Станува збор за лица кои имаат исти имиња и презимиња, но според возраста се работи за сосема различни личности.
Димитровски повтори дека со сегашното прегледување на документите, не завршува процесот на лустрација, затоа што членовите на лустрациска имаат можност за анализирање и истражување и доколку некое име на новите избрани советници или градоначалници се појавува досиејата, тој ќе биде ставен на дневен ред Комисијата.