Лустери од ВМРО-ДПМНЕ завршија во македонските цркви и манастири

Од:

Амнестираниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, на неговата фан-страница на „Фејсбук“ се заблагодари на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, за одлуката лустерите од централниот штаб на партијата да бидат донирани во македонските цркви и манастири. Тој се фотографираше во црквата „Св. Никола“ во селото Љубанци со лустерите во позадина.

„Огромна благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кој се извадени од централниот штаб, а кој беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата Св. „Никола“ село Љубанци ќе ви е вечно благодарна”, напиша Тарчуловски на „Фејсбук“.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина