Лукаревска: Покажавме што значи грижа за најранливите, обезбедивме социјална права и еднакво општество за сите

Од:

Носителката на Изборната Единица 2, од коалицијата предводена од СДСМ, „Можеме”, Сања Лукаревска денеска при посетата во општината Шуто Оризари, изјави дека во изминатите три години, Владата предводена од СДСМ, покажа што навистина значи грижа за најранливите и за сите граѓани еднакво.

„Ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто и неколку кратно го зголемивме опфатот на корисници. Воведовме детски и образовен додаток со што придонесовме во поефикасна борба против детската сиромаштија. Минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 14.500 денари. Го решивме проблемот со стечајците, денес околу 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари до нивно пензионирање”

Лукаревска промовирајќи ја програмата „Можеме”, рече дека во наредниот мандат, е време за ред и дисциплина во сите институции.

„Тие што во име на граѓаните водат институции, мора да се отчетни, транспарентни и чесни. Затоа, воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери, а за оние кај кои е утврдено нечесно работење ќе следуваат санкции.

Сите институции треба да се во целосна служба на граѓаните со еднаков пристап кон сите”, рече Лукаревска.

Лукаревска кажа дека на вонредните парламентарни избори е јасна, СДСМ нуди професионални институции во служба на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди партизирана администрација во служба на лични и партиски интереси”

Носителката на ИЕ2 од коалицијата „Можеме” рече дека на На 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во правна држава и ќе изберат неселективна правда.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он