Со домаќини луѓе секогаш има за што да се разговара. Живеачката може да биде и подобра, а ние знаеме и покажавме како. Со повисоки плати и пензии, со поголема поддршка за земјоделците, за младите луѓе, ние го цениме трудот на луѓето. На 15-ти, во среда гласајте, одберете подобар стандард, правда и поголема грижа за сите, изјави Сања Лукаревска, носителка на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2 на средбата со граѓани во општина Гази Баба.
-Ќе се борам цврсто да ги задржиме младите овде во нашата држава, да не бегаат надвор како што тоа го правеа во време на ВМРО ДПМНЕ. Даваме шанса да го развиваме младинското прептиемништво со поддршка од 5 до 15 илјади евра за отворање на сопствен бизнис. Уште повеќе ја зголемуваме поддршката за земјоделството и руралниот развој, истакна таа.
Додаде дека се грижат младите преку субвенционирана плата за секој нововработен во земјоделско стопанство помлад од 25 години, ја зголемуваат и поддршката за млад земјоделец од 10.000 на 20.000 евра. Потсети дека е воведена зелената нафта, до 2024 година обезбедуваат целосно бесплатна 100 отсто субвенционирана „зелена“ нафта за сите земјоделци и двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците.
-Се грижиме и за ранливите категории граѓани, ќе изградиме повеќе од 700 социјални станови. Децата од семејства со ниски приходи, бесплатно ќе одат во градинка. За 34 000 семејства ќе обезбедиме гарантирана минимална помош. Лажниот патриотизам на ВМРО ДПМНЕ е опасен, гласајте за најсигурната опција. Гласањето во среда ќе биде безбедно, ставете маска, гласајте и потврдете ја победата на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата Можеме, рече Лукаревска.