А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Лукареска за сметките на Груевски: УЈП не е истражен, туку даночен орган

by А1он22/11/2018 - 14:0022/11/2018 - 14:00175
Share0

УЈП ги чека измените на Законот за Управа за јавни приходи со кои ќе се овозможи да ги гледа банкарските сметки со цел да има точни податоци пред пополнетата годишна даночна пријава.

Добивај вести на вибер

Ова го истакна директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во одговор на новинарско прашање, дали УЈП забележала и алармирала некоја друга институција дека поранешниот премиер Никола Груевски пред околу два месеца ги испразнил неговите банкарски сметки, поставено на денешната прес-конференција. Потенцира дека УЈП не е истражен, туку даночен орган и неговата работа е да ги спроведува и да ги унапредува даночните цели.

– Нашата цел во делот на овие измени е да постапуваме во сегментот на даночните цели. Во моментов ние немаме таква надлежност да можеме да гледаме банкарски сметки, туку имаме можност по наши направени анализи да побараме од други сродни институции да утврдат одредена состојба.Тенденцијата на УЈП во делот на банкарските сметки е да ги види приходите на физичките лица. Нас не не интересира кој колку потрошил или кој, каде и што купил. Нас не интересираат приходите на секое физичко лице за да успееме да му доставиме на верификување или на корегирање точни податоци во претпополнетата годишна даночна пријава. Нашата основна задача е да се грижиме за наплатата на даноците и да поседуваме веродостојни податоци, рече Лукревска.

На прашањето дали побарале од институциите да ги проверат информациите за банкарските сметки на поранешниот премиер, Лукаревска рече дека согласно Законот за даночна постапка што важи во моментов станува збор за даночна тајна и затоа, посочи, не би сакала да шпекулира со било какви дополнителни информации.

gruevskiujp

Би можело да ве интересира

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

Горан Наумовски03/02/2026 - 14:56

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он17/01/2026 - 13:00

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:15

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски16/01/2026 - 11:3316/01/2026 - 11:34

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

Катерина Ѓуровски01/01/2026 - 09:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен