Луѓе кои биле во контакт со заболени, заглавени се дома со симптоми на Ковид-19, нема кој да дојде да им земе брисеви

Од:

Лица кои имаат симптоми на коронавирусот, а претходно биле во контакт со заболени од Ковид-19, заглавени се во своите домови со висока температура, кашлица и треска, а во Центарот за јавно здравје им велат да се јават само ако развијат посериозни симптоми.

Вчера до нашата редакција се обрати лице кое е во карантин трет ден, после контакт со еден од заразените од коронавирус.

„Вртам 15 минути на телефонските линии, беше зафатено. Кога конечно ги добив и им кажав дека сум бил во контакт со заболен, а ги имам сите симптоми на вирусот, ми рекоа да останам дома и да се јавам само ако развијам посериозни симптоми. Ги замолив да дојдат да ми земат барем брисеви, бидејќи сепак живеам дома со постари родители кои се хронично болни. Јас немам како да излезам од дома бидејќи сум во карантин, а во Центарот ми рекоа дека тоа ќе го сторат само ако има влошување на ситуацијата“, сведочи нашиот соговорник.

На телефонскиот број во Центарот за јавно здравје се јавивме и ние, посочувајќи го случајот, но ни беше кажано истото.

„Имаме премногу работа а недоволно кадар, не можеме да постигнеме да отидеме секаде. Ве молиме разберете. Лицето кое има симптоми може да се јави на броевите кога сака, ако му се влоши состојбата“.

Кога прашавме какво влошување треба да има лицето за да му бидат земени брисеви за коронавирус, не добивме прецизен одговор.

Во текот на вчерашниот ден, во болницата „Жан Митрев“ се пријавило уште едно лице за да се тестира за коронавирусот, откако две недели со симптоми на Ковид-19 чекал да дојдат од Центарот за јавно здравје за да му земат брисеви. Тестот за коронавирус во „Жан Митрев“ кај ова лице е позитивен.

Лицето со кое нашиот соговорник имало контакт, а е позитивно на коронавирусот, во моментов е дома, бидејќи имало полесна клиничка слика и му било кажано да пие витамини и чаеви. Еднаш дневно добива повик од Клиниката со прашање за тоа како се чувствува.

Заболеното лице е во карантин, но не го чува, ниту пак го посетила полиција откако е во изолација и откако му бил дијагностициран вирусот.

Би можело да ве интересира

Нова компресорска станица за четири месеци, Министерството за здравство ќе потпише договор со единствената фирма која се пријави на тендерот

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

На најдобрите студенти кои завршиле медицина ќе им биде понудено веднаш да се вработат во здравството

Таравари од првиот ден почна да ги разрешува економските директори на клиниките

Катерина Ѓуровски