ЛП: Го поздравуваме барањето на Групацијата на пазари за решавањето на проблемот со дивите пазарџии

Од:

„Либералната партија го поздравува барањето на Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија за решавањето на проблемот со дивите пазарџии кои на улица, од камиони продаваат сезонско овошје и зеленчук. Овие диви продавачи не само што нелегално тргуваат и создаваат нелојална конкуренција, туку и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот и дополнително ја загадуваат околината, создавајќи отпад од кој се шират разни болести кои влијаат на здравјето на граѓаните.

Финансиската загуба поради нивното неконтролирано и неконкурентно дејствување изнесува 20 отсто од вкупниот приход на организаторите на пазарите.

За да се стави крај на овој 25 годишен проблем со нелојалната конкуренција, потребна е континуирана (не сезонска пред избори) акција на Министерството за внатрешни работи, пазарната и комуналната инспекција, преку конфискација на стока, заплена на моторни возила и парични казни на дивите продавачи во скопските општини и градот Скопје, како и во останатите населени места во Р. Македонија“, се вели во соопштението на ЛП.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Експлозија на бомба во Призрен, деветмина повредени

А1он

Иницијатива на Бранко Црвенковски: Пристап до фондовите на ЕУ и излез на заедничкиот пазар додека траат преговорите со Брисел

Орце Костов

Пазарниот инспекторат со полиција и УЈП ќе проверува дали пазарџиите ги замрзнале цените

Орце Костов

Саемот на вино во Белград можност за нови пазари за албанските производители

А1он

Владата најавува мерки за намалување на ценовниот шок, но и за фирмите погодени од кризата