А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ловци печеле колбаси и предизвикале пожар

by А1он15/12/2015 - 10:1298
Share0

Несовесни ловци печеле колбаси на паузата од ловот, го оставиле огнот да тлее и предизвикале пожар среде високостеблеста дабова, букова, борова и елова шума, на околу 1.300 метри надморска височина на планината Кожуф, на непристапен терен.
Пожарот избувнал и покрај ниските температури, влажната почва и временски прилики кои најавуваат снежни врнежи на неколку дена пред официјалниот старт на зимата. Информацијата денеска ја потврди Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во „Бор“, подружницата на „Македонски шуми“ во Кавадарци.
– И ние се изненадивме од ваквата ситуација. Пожарот бил забележан во неделата попладне, по 17 часот и пријавен од чуварот на рудник на Кожуф. Веднаш излеговме на увид на местото и се зафативме со локализирање на пламените јазици кои имаа формирано своевидни енклави, гореа од неколку жаришта. Се гаснеше и вчера. Несреќата беше во тоа што се работи за јужна позиционираност на местото каде што настана пожарот и присуството на сува трева и исушени попаѓани листови кои му дадоа поддршка на огнот и придонесоа за негово ширење, рече Ристовски.
Пожарот бил локализиран вчера околу 16 часот.
– Успеавме да ја сочуваме високостеблестата шума, а изгореа само сувата трева и исушените паднати листови, појасни Ристовски.
Но, како што додаде, несовесните ловџии предизвикаа материјална штета врз работењето на подружницата, затоа што дополнителниот ангажман за гаснење на пожарот бараше и дополнителни финансиски средства.
Пожарот најверојатно е предизвикан од несовесни ловци, што може да се констатира од огништето во планината, расфрланите стапчиња на кои биле печени месото од зајаците и колбасите, како и празните конзерви.
Инаку пожарот бил во атарот на локалитетот Васов град, во месноста викана Меловите, во мрежичкиот дел од Поткожувјето. Зафатени биле околу четири хектари површина.

Добивај вести на вибер
mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен