Лоловски: Нов урбанистички план за Куманово и монтажна гаража

Од:

Нов урбанистички план за Куманово и поставување монтажна гаража, најави денеска на прес-конференција носителот на листата на Левица Сотир Лоловски.

Според програмата на Левица, монтажната гаража граѓаните би ја користеле наместо одбележаните паринг места на улиците и тротоарите.

– Укинување на уличното и тротоарното паркирање би озвозможило подобро движење во сообраќајот во центарот, а воедно и намалување на загадувањето на воздухот, рече Лоловски.

Тој објасни дека сега граѓаните се паркираат на тротоари и улици кои општината ги одбележува и за тоа наплаќа 35 денари за час, узурпирајќи го на овој начин јавното добро.

Во програмата на Левица, додаде Лоловски опфатени се клучни мерки за решавање на проблемот со, како што рече, неефикасното собирање отпад, проблемот со загадувањето на воздухот и сообраќајниот хаос.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски