(ВИДЕО) Локвенец: Со мене Прилеп нема да биде арачлија

Од:

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од „Сојузот за иднината“, Хари Локвенец, на претставуњето на својата изборна програма, вети победа на овие локални избори.

„Ние ја сакаме нашата иднина сега. И затоа велиме ВРЕМЕ Е! Време е за подобар живот, време е за развој, време е за просперитет, време е Прилеп да гласа за Сојузот за иднината“, рече Локвенец.

Главна поента во неговата програма е борба со невработеноста, со мене рече, општината нема да биде арачлија. Втора поента е борбата со сиромаштијата, вети станови за социјалците, образование достапно за сите, стипендии за најдобрите спортисти, чистење на одводните канали, санирање на фасадите на училиштата.

Главни капитални проекти на кандидатот за градоначалник на Прилеп, Хари Локвенец е изградбата на 500 микроакумулации, внесување на Маркови Кули во листата на Унеско, и како најважен проект, гасификација на Прилеп.

Од утре, рече Локвенец тргнуваме од врата на врата за да зборуваме со граѓаните.

„Одиме да ја побараме нивната доверба и овие да ги изгазиме на избори“, рече пред прилепчани Хари Локвенец.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември