Локвенец: Со Агенцијата за национална безбедност се спречува злоупореба на безбедносниот систем

Од:

Преку конструктивен пристап, во соработка со опозицијата и следејќи ги насоките на нашите меѓународни партнери, дојдовме до квалитетно законско решение, коe од една страна значи гаранција на човековите права и приватноста, а од друга страна креираме предуслов за силен механизам за ефикасна борба против организираниот криминал, тероризам и закани во глобални размени по безбедноста и сигурноста на сите граѓани. Со ова законско решение се оневозможува злоупотребата на овој прилично чувствителен безбедносен систем и на мое огромно задоволство добиваме силна и ефикасна контрола врз безбедносните структури, изјави денеска за медиумите на Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијата.

“По донесувањето на Законот за следење на комуникациите и Законот за оперативно –техничката агенција, и со донесувањето на овој Закон за агенција за национална безбедност ги заокружуваме реформите во безбедносниот сектор кои што со години меѓународната заедница ни ги препорачува и се еден од условите на нашиот евро-атлански пат.

За мене, како претседател на Комисијата за одбрана и безбедност од исклучително значење е што целиот пакет на безбедносни закони ги носевме во соработка со опозицијата, тоа значи дека овие решенија се заеднички и довербата кон нив е неминовна.

Ништо повеќе нема да биде како порано, Вашата и безбедноста на државата се гарантирани, но исто така гарантирана е и Вашата приватност и Вашите човекови права.”, објасни Локвенец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите