Локални и парламентарни избори во јуни?

Од:

Под силен притисок на меѓународната заедница се подготвува излез од политичката криза во земјава. Според пишувањето на Утрински весник на маса има и конкретен предлог – одложување на локалните избори до јуни, кои би се одржале заедно со предвремени парламентарни, а во замена за ова СДСМ да се врати во парламентот

„Неофицијално, од дипломатски извори се дознава дека дури на маса имало и конкретен предлог, кој во суштина значи одложување на локалните избори до јуни, кои би се одржале заедно со предвремени парламентарни избори што ги бараат социјалдемократите. Ова би значело исполнување на клучното барање на СДСМ, а за возврат пратениците од оваа партија и нејзините коалициски партнери би се вратиле во парламентот под изговор дека треба да гласаат за измена на Законот за локална самоуправа, каде што е предвидено дека изборите за градоначалници и за советници се одржуваат во втората половина на март на секои четири години. За измена на овој закон е неопходно двотретинско мнозинство, кое ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заедно со пратениците од ДПА кои останаа во собраниските клупи го немаат“, пишува Утрински.

Според весникот, имало идеја за ова решение амбасадорот на САД, Пол Волерс, да разговара со премиерот Никола Груевски и со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. На тој начин ќе се избегне директна средба меѓу двајцата лидери, а сепак ќе се работи на приближување на ставовите.

„Во ВМРО-ДПМНЕ вчера немаа коментар за тоа дали е возможно на овој начин да се бара решение на кризата. Во СДСМ, пак, информациите за посредништвото на амбасадорот Волерс, како замена за директна средба меѓу Груевски и Црвенковски, ги оценија како шпекулации. Но, неофицијално потврдија дека доколку се постигне политички договор локалните избори да бидат одложени за јуни, кога би се одржале заедно со предвремени парламентарни избори, тие би се вратиле во парламентот. Велат дека со своите 42 пратеници ќе учествуваат во гласањето на измените на Законот за локална самоуправа, со што ќе обезбедат двотретинско мнозинство“, пишува Утрински.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ