Локализиран пожарот над Македонска Каменица

Од:

Синоќа беше локализиран шумскиот пожар кој зафати борова и дабова шума над селото Моштица во Македонска Каменица. Драган Балас од ЦУК од Делчево истакна дека пожарот е локализиран околу 20 часот.

– Локализиран е пожарот, кој според првичните проценки има зафатено површина од околу 10 хектари со борова и дабова шума. Вечерта имаше дежурни екипи кои го контролираа горењето, но новите информации зборуваат дека нема промена на состојбата и пожарот е смирен. Се уште не се знаат причините за неговото потпалување, но се сомневаме дека повторно во прашање е човечки фактор, истакна Балас.

Во гаснењето на шумскиот пожар над Македонска Каменица учествуваа лица од ЈП Македонски шуми, од ЈП Камена Река и од ТППЕ од Каменица, Делчево и Кочани,

Би можело да ве интересира

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка

А1он

СДСМ го освојува градоначалничкото место со минимална предност пред ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица