Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

Од:

Локализиран е пожарот што денеска попладне избувна во близина на туристичката населба Абланица во Берово. Во гаснењето учествуваа екипи на ТППЕ Берово, кои спречија пожарот да ги зафати блиските кампови во близина на населбата.

Во пожарот, што според првични информации од надлежните, настанал од запалена сува трева, спречено е опожарување на два помошни објекти-плевни.

Локацијата на пожарот е кај месноста викана Макароновите плевни во населбата Абланица.

Од ТППЕ Берово апелираат до населението да не се пали оган на отворено поради присуство на големи наслаги од трева и силен ветар кои многу бргу можат да предизвикаат пожар од поголеми размери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он