Локализиран е пожарот во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје, при гаснењето дошло до инцидент, па реагирала и полицијата

Од:

Попладнево изби пожар на отворен простор во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје. Од пожарот беше зафатена трева и грмушки, но и поголема количина на расфрлано ѓубре низ опожарениот простор, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

– Екипите на скопската БППЗ веднаш излегоа на терен но при гаснењето беа попречувани од припадници на една етничка заедница која живее на и околу опожареното место поради што беше побарана полициска интервенција за непречено одвивање на гаснењето. Во моментов пожарот е под целосна контрола, очекувам набргу целосно да биде изгаснат, изјави Ангелов.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице