„Локален избор“ бесплатна онлајн алатка за информиран избор на гласачите

Од:

„Локален избор“ е нова бесплатна онлајн алатка која што од денеска им е достапна на гласачите со цел да направат информиран избор на Локалните избори 2017.

Алатката е изработена од Институтот за истражување Имапкт и е достапна на македонски и на албански јазик на веб страницата www.lokalenizbor.mk од почетокот на изборната кампања до денот на локалните избори.

Лура Положани, проектен координатор, на денешната прес-конференција по повод промоцијата истакна дека алатката треба да им овозможи на гласачите да ги споредат своите позиции со позициите на кандидатите и партиите кои ќе учествуваат на претстојните локални избори, a фокусирана е на пет општини – Аеродром, Чаир, Струга, Струмица и Росоман, но алатката, вели, може да се применува и во други општини.

– Овие пет општини се избрани бидејќи се очекува во нив да има неизвесна трка на локалните избори, а запазен е и регионалниот принцип, општини со застапеност на повеќе заедници, како и на рурални општини, рече Положани.

Според Борјан Ѓузелов, кодирач и дел од тимот на Импакт, граѓаните ќе имаат можност да одговорат на серија од 20 внимателно селектирани искази по важни прашања групирани во осум тематски области кои се во надлежност на локалната самоуправа и тоа: урбанизам и комунални работи, заштита на животната средина, безбедност, транспарентност и учество на граѓаните, децентрализација, економски развој, социјална грижа и еднакви можности.

– Методолошки се унифицирани 20 искази од кои 17 се општи, а три се специфични и се поврзани со надлежностите на општините. Во однос на кодирањето користени се официјални документи на партиите и на кандидатите, изборни програми, и изјавите на кандидатите дадени во предизборниоте период на медиумит и по социјалните мрежи. Оставивме простор партиите и сами да се кодираат и да достават докази за своите изкази, рече Ѓузелов.

Кодирани се вкупно 18 кандидати и советнички листи во петте општини, од кои осум се самокодирани.

За запознавање со алатката и начинот на кој таа функционира ќе биде споведена кампања која ќе опфати штандови на јавни простори, посета на средни училишта каде има лица кои првпат ќе гласаат, посета на домови со стари лица, како и посета на урбани заедници во петте општини.

Резултатите од примената на алатката ќе бидат објавени еден месец по изборите.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он

Арсовска од Ѓорче: Спортски комплекс, уредување на Лепенец, енергетска транзиција, расчистување со депониите за 82 дена

А1он