Локацијата на спомен – обележјето на загинатите пилоти ќе се утврдува во понеделник

Од:

На 28-та седница на Советот на општина Струмица која што ќе се одржи на 15.06.2015 година (понеделник) треба да биде донесена одлуката за определување локација за поставување спомен – обележје на загинатите пилоти од хеликоптерската единица на МВР. Спомен – обележјето се подига во чест на Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички кои ги загубија животите во хеликоптерската несреќа која што се случи во јули минатата година.
Спомен – обележјето е дело на академскиот сликар и вајар од Струмица, Митко Тошев, кое како идејно решение беше понудено на распишаниот јавен конкурс за изработка на идеен проект.

Висината на споменикот заедно со постаментот ќе изнесува два метра кое според авторот ќе претставува достојно одбележување на нивната херојска големина. На споменикот ќе биде претставена последната и најголема херојска мисија на пилотите, спасување на градот Струмица од уште поголема трагедија и катастрофа. На истиот ќе биде претставен хеликоптерот под посебен дијагонален агол на свивање, а на долниот дел од скулптурата ќе биде претставен градот Струмица со својата карактеристика, ридот на Царевите кули, извајано тродимензионално со еден посебен карактеристичен фрагмент од градот под Царевите кули.

Спомен – обележјето на загинатите пилоти чини еден милион денари.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица