Во однос на наводите на поранешната министерка за правда, Рената Дескоска дека Уставниот суд треба да поведе постапка за оценување на уставноста на Упатството, министерот за правда Кренар Лога во изјава за медимите рече дека таа е лош пример за министер.
-За време на нејзиното извршување на функцијата министер за правда, таа сама се номинирала за претставник во Венецијанска комисија, независно советодавно тело при Советот на Европа. Ако таа се повикува на европските и меѓународните стандарди, тогаш е една од оние министри кои ги прекршиле тие стандарди. Ова го нема во ниту една земја во светот. Таа е лош пример за министер и во минатото, кога не прифати уставните измени за Преспанскиот договор да одат преку Министерството за правда, туку преку МНР што е преседан”, изјави Лога.