ЛК: На доктор на медицина кој вршел дополнителна здравствена дејност времено му се одзема лиценцата за работа

Од:

На доктор на медицина кој вршел дополнителна здравствена дејност, како што наведува Министерството за здравство, „без исполнување на условите од член 223 од Законот за здравствена заштита“, времено му се одзема лиценцата за работа во траење од 30 дена, одлучи денеска на седница Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора на Македонија откако го разгледа барањето од Министерството за времено одземање лиценца за работа.

При донесувањето на одлуката, соопшти Лекарската комора, беа земени предвид наводите во барањето, но и другите околности за определување на времетраењето за кое се одзема лиценцата за работа.

При тоа се имаше во предвид дека докторот на медицина бил посветен на работата на работното место, вршејќи значаен обем од услуги во дејноста и дал голем придонес во работењето на здравствена установа во која е вработен. Исто така, Комисијата ги имаше во предвид и потребите и интересите на пациентите, при определувањето на времетраењето за времено одземање на лиценцата за работа на докторот на медицина, дотолку повеќе што станува збор за дефицитарен медицински кадар во земјата, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството