Љупчо Николовски на средба со жителите од општина Чашка

Од:

Дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски во текот на вчерашниот ден беше во посета на село Богомила, каде што оствари средба со жителите од селата Нежилово, Согле, Ореше и Бистрица.

– Порано ова село имаше 3 500 жители, имавме амбуланта , четворица доктори, младите работеа, се занимававме со земјоделство од кое можеше да се живее. Денеска за жал, останавме 200 постојани жители, без основните услови за живот особено без доктор. Ќерками беше болна, ќе умреше ако не најдовме возило да ја однесеме во Велес – се пожали жител на Богомила.

Вашиот пример само покажува во каква состојба е доведена државата и колку се уништени и партизирани институциите, констатираше Николовски и додаде дека воопшто во државата ништо не функционира, а со парите од буџетот наместо изградба на патишта, амбуланти и други основни потреби власта градеше споменици и други непродуктивни проекти за што потрошија 630 милиони евра.

– Со овие пари на сите граѓани на Република Македонија можеше многу да се направи за ваквите села како Богомила, Нежилово, Согле, Ореше и Бистрица. Тоа ќе придонесеше и за намалување на миграцијата село град, за напуштање на младите не само од селата туку и од државата. Дури 600 000 луѓе последните 10 години ја напуштиле земјата. Тоа е пораз за една држава – изјави Николовски.

Уште еден голем проблем имаат жителите од овој крај со ЈП Македонски шуми. Имено целокупниот шумски фонд со кој стопанисува ЈП Македонски Шуми Велес е на територија на Општина Чашка -Јакупички масив.

Управувањето со приватните шуми од страна на Македонски шуми е непрофесионално. Поднесените барања за сеча поднесени по законот за управна постапка не се одговараат по законски утврдениот рок од 30 дена на граѓаните баратели. ЈП Македонски Шуми Велес немаат возила за превоз и истиот незаконски е на терет на граѓаните кога добиваат дозвола за приватна сеча. Еднаш го превезуваат приватно инжињерот за маркирање ,потоа му го плаќаат и патот на техничарот за секоја издадена испратница од 500-1000 ден за секоја испратница, пари кои никаде не се евидентираат. МЗШВ преќутно ја одобрува оваа појава со знаење на Министерот. Долго се чека за потпис и од страна на директорот кој ги потпишува одобрувањата за приватна сеча селективно за лица блиски до власта,а за сите останати се чека со месеци за потпис .Сопствениците на шуми доживуваат вистинска голгота за оваа проблематика – обвинуваат жители од село Теово, соопштуваат од СДСМ.

Николовски посочи дека има решение и за овој проблем на жителите од овој крај.

– Ќе ги вратиме лиценцираните правни лица да вршат стручни работи во приватните шуми, маркирање,одобренија и давање испратници, со цел многу поекспедитивно да го оствуваат правото на сеча во приватна шума. Потоа ќе ја укинеме обврската при барање на одобрение за сеча во приватна шума да се плаќаат елаборати на приватните геодетски друштва за утврдување на границите на шумата. Исто така во план е трансформација на ЈП Мак шуми со цел поефикасно и на време да ги снабдува граѓаните со огревно дрво. Што се однесува до шумската полиција таа ќе делува многу поефикасно и ќе биде многу пофункционална во состав на МВР- изјави Николовски.

На слични проблеми и состојби укажаа и жителите од селата Теово и Извор. Земјоделците од Извор посочија и на проблемот со откупот на земјоделските производи како и високата разлика во класите на тутунот за што побараа помош од дополнителниот заменик министер за земјоделство Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ бара одговорност по скандалите во ЈПДП и злоупотребата на патарините

СДСМ: Скандали го тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина

Горан Наумовски

Филипче: Нема да бидеме параван на пропаднатите политики за ЕУ на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС им пречи што ЈПДП има зголемена наплата за 1,1 милион во јули оваа споредено со минатата година, затоа го напаѓаат Трајановски

Петрушевски: ДУИ додека беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се

Предраг Петровиќ

СДСМ: Шефот во ЈПДП поставен од Трајановски фатен во нови злоупотреби, не плаќа патарини