СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

Од:

Власта на Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството. Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните. Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа, велат од СДСМ.

„Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола Груевски а се однесуваше на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик министер од ВМРО-ДПМНЕ. Дали сега на сите им е јасно што се случува? Исто како во времето на Груевски. Нема да ви помине!
Сите ќе одговарате! Работата не е завршена, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски