(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

Од:

Утре, Советот на Град Скопје одлучува како ќе се трошат и за што парите на скопјани за 2026 година. Исто како на централна власт така и во Скопје, ВМРО Ванчовистичка наместо парите да ги насочи за скопјани и подобрување на нивниот живот во градот, парите се за тендери и партизација. Ништо друго, изјави Кети Штерјова, Советничка во Скопје од СДСМ.

– Најголем дел од средствата има во предлог програмата за планирање и уредување на градежно земјиште на подрачјето на Град Скопје, значи има пари за тендери, а пари за граѓаните нема. Додека граѓаните на Скопје се гушат од загаден воздух, нема повеќе пари за животна среднина. Средствата за заштита за животната средина се малку за надминување на еколошката катастрофа во која живеат скопјани. Скопје дише отров од дивите депонии, а во предлог Буџетот нема пари за проект и за расчистување на диви депонии и контаминирани локации на територија на Град Скопје. Власта на ВМРО-ДПМНЕ нема пари за чист воздух и чистење на депониите. Ама видовме дека има за 161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга со двајца вработени.

Предлогот на Буџетот што гопредлага Георгиевски не е ниту социјален, ниту е насочен кон подобрување на животот на граѓаните. За многу од предвидените проекти кои убаво звучат на хартија нема предвидено финансиска поддршка. Нема доволно пари за социјална и здравствена заштита, нема за образование, за животна средина, за невладини организации, за култура. Градоначалникот зборуваше дека има превработеност во градската администрација, ама во 2026 година предвидел 44 нови партиски вработувања. Значи ќе се продолжи со нивната позната тактика на полнење на администрација со партиски лојални кадри. СДСМ ќе се спротистави на ова и ќе бара парите да се насочат кон граѓаите и нивните потреби. Ваков Буџет нема да поддржиме ниту ќе гласаме. За сите области советничката група за СДСМ и коалицијата изготви амандмани кои се во интерес на граѓаните и обезбедуваат по квалитетен живот на скопјани. Не за тендери, да за повеќе пари за граѓаните на Скопје, рече Штерјова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

(ВИДЕО) Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната – им купува време на Мицкоски и Славески?

А1он

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он