Лизгалиштето во Тетово останува недостапно за користење

Од:

Тетовци најверојатно нема да имаат можност да го користат монтажното лизгалиште на градскиот плоштад кое беше оштетено пред да се пушти во употреба. Иако директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски во неделата најави дека со општината разговарале за санација и пуштање во употреба на лизгалиштето, градоначалничката Теута Арифи со спротивни ставови. Таа рече дека ќе се санира, но поради временските услови тоа ќе остане за наредната година.

-Нормално дека ќе се санира, но како што е времето не мислам дека ќе може истото да се користи. Нормално многу ми е жал за фактот што добрите работи им пречат на луѓето. Треба да се навиканат понекогаш и на убави работи, може да се случат и убави нешта. Така ние ќе го санираме, па идната зима можеби ќе имаме повеќе среќа да биде користено, рече Арифи.

На крајот од декември почна да се поставува монтажното лизгалиште, а на новогодишната ноќ беше изгорена дел од алуминиумска ограда. Поставувањето на монтажни спортски лизгалишта е проект кој го спроведува Агенцијата за млади и спорт. Тетово е еден од седумте градови предвидени за поставување, односно монтирање на лизгалиште со вкупна вредност од 14 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов