Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Од:

Кандидатката за градоначалник на СДСМ, Оливера Ливриниќ, заедно со својот тим од листата на советници, ги посети речиси сите домови на граѓаните во населбата Живко Брајковски. Во разговорите се почувствува носталгија по убавите маалски времиња, но и силен потенцијал и нова надеж за иднината што доаѓа, се наведува во соопштението од СДСМ.

„Во Живко Брајковски мора да се прошири постојниот плоштад, но и да се создадат подобри услови за младите, како и да се реализираат неопходни инфраструктурни интервенции. Во населбата ќе се изгради Дом на културата – простор кој ќе им припаѓа на жителите, уметниците, младите и на сите што сакаат да создаваат, споделуваат и уживаат во културата. Плоштадот ќе се прошири и ќе стане вистинско место за култура, спорт и забава – за жив и динамичен Бутел.

На левата страна од булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, ќе се изгради нов парк со зеленило, урбана опрема и вештачка карпа за спортско качување – нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации. Со изградба на атмосферска канализација на сите краци од улицата „Хо Ши Мин“, конечно ќе се стави крај на деценискиот проблем со поплавите во овој дел на општината.

А за развојот и економијата на Бутел, ќе се изработи Детален урбанистички план за новата економска зона на десната страна од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ – план што ќе отвори нови можности за инвестиции и вработување. Ова не се ветувања. Ова се дела што ќе се видат. Време е Бутел да направи вистински избор.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија