А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Литванското претседателство со ЕУ ќе се обиде да ја разјасни ситуацијата со Македонија

by А1он01/07/2013 - 13:04123
Share0

Литванија денеска го превзеде претседателството со Европската унија од Ирска, а амбасадорот на поранешната советска република при ЕУ, Раимундас Кароблис веднаш вети дека ќе се обидат да ја разјаснат ситуацијата на Македонија во однос на нејзината евро-интеграција.

Добивај вести на вибер

При денешното претставување на приоритетите на претстојното шестмесечно Литванско претседателство со Советот на Унијата, на прашање на дописникот на МИА од Брисел дали ЕУ ќе се соочи со своите проблеми дека една земја (Македонија) е осум години кандидат за членство и добива четири последователни препорки за почеток на преговорите, но е попречена поради противење на една земја-членка (Грција), а сега не доби ниту датум, ниту заклучок на последниот Самит на Европскиот совет, амбасадорот Кароблис со одговор: „Ја знаеме ситуација на Македонија и ќе се обидеме да преземеме чекори во разјаснувањето на ситуацијата со оваа земја наесен, во периодот меѓу октомври и декември“.

– Ние дефинитивно ќе работиме на ова прашање, но мора да разберете дека е сензитивно бидејќи не една, туку две земји-членки на Унијата го блокираат почетокот на пристапните преговори – истакна литванскиот амбасадор при ЕУ и претседавач со КОРЕПЕР-групата на Унијата, каде амбасадорите на 28-те земји-членки ги носат првичните заклучоци за секое прашање.

Во однос на прашањето за проширување на Унијата, Кароблис посочи дека за време на Литванското претседателство, кое е прво откако оваа земја пред девет години стана членка на ЕУ, ќе се отвори уште едно поглавје од преговорите со Турција, а очекува и напредок во преговорите со Црна Гора.

Амбасадорот на Ирска при ЕУ, Рори Монтгомери, кој ја предаде претседателската палка со Унијата на Литванците, посочи дена во однос на проширувањето, денеска е важен ден оти Хрватска и официјално стана дел од ЕУ, а потсети и дека мината недела на Самитот на Европскиот совет е доделен датум за отворање на преговори за членство со Србија и на потпишување на Договор за стабилизација и асоцијација со Косово.

– Проширувањете е спор процес, но е неповратен и продолжува, посочи Монтгомери.

eu

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто