Литија со моштите на Свети Георгиј низ струшките улици

Од:

На раскошно украсен епитаф, во торжествена церемонија денеска Струга ќе биде осветена со моштите на Свети Георгиј Победоносец. Познатата Струшка литија, покрај со мотшите на светецот е збогатена и со чудотворните икони на Свети Георгиј од истимената црква во Струга и иконата на Пресвета Богородица Крнинска од манастирот Пречиста кај Кичево.

Моштите на светецот ќе пристигнат од манастирот во Рајчица, а според најавата од Бигорскиот манастир, во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, проследена со молитвената Литија, која почнува да се движи низ Струшките улици по вечерната богослужба во 17 часот.

Молитвената поворка, традиционално од храмот на светителот ќе се движи низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, каде верниците имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Великомаченик Георгиј.

Церемонијално, на литијата и претходни полициско возило, кое на својствен начин ќе го одбележи чествувањето на Свети Великомаченик Георгиј како покровител на полициските и безбедносни сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука да го чуваат мирот и безбедноста на сите граѓани во нашата држава. По него дефилира коњаник облечен во римска трибунска воена облека, којашто е изработена од автентични материјали и е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време со палмова гранка во раката, како симбол на мирот ја најавува процесијата. На чело на Литијата ќе биде член од Бигорското братство, кој со клепало го најавува доаѓањето на светителот, а потоа се носачите на крстови, рипиди, знамиња, псалтите и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Тимотеј и други митрополити. По нив четворица угледни граѓани двајца стружани, еден скопјанец и еден охриѓанец на раскошно украсен епитаф ги носат моштите на светителот, кои симболично се чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот Манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец. Верниците и сите добронамерници се движат после гардата, а оние што неможат да се вклучат во литијата поради многубројниот народ, остануваат на двете страни од улиците и заедно со дечиња во народна носија ги поздравуваат моштите со фрлање цветни ливчиња.

По завршување на свечената литија, како шпто најави Бигорскиот манастир, во дворот на црквата „Свети Великомаченик Георгиј“, со своја културно-уметничка програма ќе настапи ансамблот „Македонија“, чии членови прв пат ќе ги промовираат старите струшки градски носии.

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски