Листа на дијагнози на хронични болни ослободени од работа поради коронавирусот

Од:

Министерството за здравство достави Листа на дијагнози на хронични состојби, добиени во консултација со директорите на Клиниките за ендокринологија, пулмологија, кардиологија и нефрологија, за лицата кои се ослободуваат од работа поради коронавирусот.

Во врска со утврдените категории на лица, тие треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар, за следниве состојби:

Хронични респираторни заболувања:
ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44
Астма – J45
Интестицијална фиброза – Ј84
Тешки кардиоваскуларни заболувања:
Срцева слабост со EF<40
Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци
Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија
Тешка аортна и митрална стеноза
Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци
Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци
Длабока венска тромбоза до 3 месеци
Дијабетес мелитус:
Диајабетес тип I
Диајабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ
Сите малигни заболувања – C00-C97
5. Имунокомпромитирачки состојби:

Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0
Хроничен нефротичен синдром – N04.9
Интермитентна хемодијализа – Z99.2
Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00
Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31-M34

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска