Лишен од слобода жител од село Србјани

Од:

Вчера околу 18:30 часот, полициски службеници на ОВР-Кичево го лишиле од слобода 44-годишниот А.А. од кичевското село Србјани.

– При контрола на патнички автомобил„ Цитроен“ што тој го управувал на улица „Борис Кидрич“ во Кичево полициските службеници пронајдоа фолии со бела прашкеста материја и епрувета со непозната течност.Тие се одземени и предадени на вештачење а по целосно документирање на настанот ОВР-Кичево ќе поднесе соодветна пријава, рече портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

Тој потесети дека вчера рано наутро во 00:55 часот во угостителски објект лоциран на улица „Борис Кидрич“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на Ф.И.(42) врз А.С.(39) двајцата од Кичево. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он