Лишен од слобода крадец во Скопје

Од:

На 15.11.2022 во 16 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода С.Л.(35) од Скопје.

Од лице вработено како обезбедување тој бил затекнат при обид со возило „киа пиканто“ со скопски регистарски ознаки, од фабрика да изнесе плочки за пруга со вкупна тежина од околу 400 килограми.

Плочките му биле одземени и вратени на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

18 годишник сакал да ограби банка во Аеродром – фатен на дело

30 дена притвор за разбојник од Скопје

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Уапсен крадец од Охрид кој крадел во родниот град

Пазарџии претепаа малолетник кој украде тренерки од тезга

Орце Костов