Линкевичиус: Денешната посета е поинаква од претходната, гледам светла иднина за Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус на средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери подвлече дека денешната посета на Македонија ја доживува многу поразлично од претходната зашто сега, како што истакна, гледа светла иднина за Република Македонија.

Литванскиот министер даде посебен осврт за досегашната соработка меѓу двете земји, особено во рамки на проектите и програмите на ЕУ за помош и поддршка на нашата земја во финансискиот сектор, јавната администрација, јавниот менаџмент, владеењето на правото,… Се согласи за улогата и важноста на парламентите во наредниот период на отворање на пристапните преговори и поглавјата со ЕУ и потенцираше дека треба целиот капацитет да се вклучи во реформските процеси.

Како што соопшти собраниската прес-служба, разговорот на Линкевичиус и Џафери поминал во пријателска и конструктивна атмосфера. Биле разменети мислења околу идната соработка на двете земји на билатерален и мултилатерален план, особено во рамки на македонските евроатлантски интеграции.

Џафери изрази задоволство и благодарност до Литванија за целокупната досегашна поддршка при што ја потенцираше и соработката во рамки на Вилнус групата. Го информираше гостинот дека по заокружувањето на обврските околу ратификацијата на Преспанскиот договор, Законодавниот дом ќе продолжи да игра клучна улога во донесувањето на потребните реформски закони и во тој контекст истакна дека очекува до средината на февруари да се усогласат и донесат со забрзано темпо, со цел да се исполнат претстојните обврски до јуни оваа година, кога Македонија очекува и датум за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Претседателот на Собранието апелираше до парламентарните групи за соработка на двете земји да ја интензивираат својата комуникација во наредниот период со длабоко уверување дека со продлабочување на парламентарната соработка на сите нивоа, ќе се олесни и нашето приближување кон ЕУ, како и економската соработка ќе се издигне на едно повисоко ниво. Оваа констатација беше едногласно прифатена од двајцата соговорници.

Би можело да ве интересира

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики

Нов обид во Собрание за законите за Митилинеос и за игрите на среќа

Пендаровски против идејата на ДУИ да се избере претседател во Собранието: Ќе бев сменет за едно попладне

Орце Костов