Линде: Шведска силно ја поддржува евроинтеграцијата на С. Македонија и реформската агенда на земјата

Од:

На билатерална основа имаме одлични односи долго време со Северна Македонија. Шведска силно ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија и реформската агенда на земјата, изјави денеска во Скопје шведската министерка за надворешни работи Ан Линде, на заедничка прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Линде, која во рамките на шведското претседателство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), престојува во еднодневна посета на земјава, изрази благодарност за топлото добредојде и на Владата за одличната соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје.

– ОБСЕ останува да го поддржува силното партнерство, развиено од пред 30 години. Со оглед на заложбата на Северна Македонија за зачленување во ЕУ, секако и ова беше тема на денешниот разговор. За мене како претседавач на ОБСЕ, важно е да видам дека се спроведуваат заложбите на ОБСЕ. Во разговорите со министерот Османи, изразив пофални зборови за напорите за реформи од страна на Владата и подвлеков дека институциите на ОБСЕ се тука да дадат поддршка за овие реформи, особено во области, каде може да се направи синергија од напори, изјави Линде.

Таа посочи, дека разговарле и за приоритетите на шведското претседателство со ОБСЕ, посочувајќи дека се концетрираат на заедничките заложби на сите 57 држави членки на Организацијата за одбрана на мирот и промовирање на единствен концепт на сеопфатна безбедност.

Линде, исто така, изрази благодарност за почеста оддадена од македонското општество на поренашната шведска министерка за надворешни Ана Линд, за нејзините напори за избегнување на конфликтот во 2001 година.

Османи, од своја страна, изрази благодарсност за соработката со Мисијата на ОБСЕ во Скопје во последните 20 години, што помогна, како што рече, суштински во трансформација на една млада демократија во зрела и стабилна мултиетничка демократија, членка на НАТО и која придонесува во регионалната стабилност и светскиот мир.

– Се разбира дека не можеше, а да не збориме и за денешниот настан во Луксембург. Шведска е силен и гласен поддржувач на Република Северна Македонија. Се надевам дека таа поддршка и соработка ќе продолжи и понатаму. Време е Северна Македоија да ги започне преговорите, бидејќи ги има исполнето критериумите за тоа, изјави Османи.

Северна Македонија е следен претседавач со ОБСЕ во 2023 година, по Полска и, како што посочи Османи, тоа не прави да бидеме дел од тројката претседавачи и да размениме мислења за приоритетите на претседателството.

– Од 1 јануари влегуваме во тројка на претседавачи – Шведска, Полска и Северна Македонија, што ни дава основа и можност да разговараме за прашањата на нашата организација, изјави Османи.

За нашите подготовки за претседавањето, посочи Османи, и презентирал на министерката Линде дека во МВР е формиран „таск форс“ со најдобрите луѓе и дипломати и дека веќе се работи на утврдување на приоритетите, заедно со земјите учеснички на организација.

Би можело да ве интересира

Видео средба со првите носители на МКарти

Ана Ололовска

Османи го испрати досегашниот израелски амбасадор Оријан

Жарко Настоски

Османи: Словенечкото претседателство со ЕУ ќе ја реафирмира европската перспектива на земјите од Западен Балкан

Ана Ололовска

Османи до амбасадорите во ЕУ-земјите: Стартот на преговорите врвен приоритет за дипломатијата и за време на словенечкото претседателство

Ана Ололовска

Османи: Во приближувањето на регионот до ЕУ, Брисел би морал да гарантира предвидлив и кредибилен процес

Ана Ололовска

Средба Османи – Дендиас на маргините на Дубровник форумот

Ана Ололовска