Директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ – Адамс денеска имаше излагање за македонската археологија на меѓународниот туристички саем Ваканција и Експо во Софија, Бугарија.
Презентацијата беше на тема „Патот на Александар Македонски низ Република Македонија“ како дел од дискусиите „Културен туризам -реалност и перспектива на Балканот“.
На меѓународниот туристички саем во Софија учествуваат повеќе од педесет земји, а во повеќе конгресни сали има предавања на различни теми.
Директорот на Управата Лилчиќ – Адамс учествува на саемот на покана на Балканската алијанса на хотели и ресторани (БАХА).