ВИДЕО: Лила Филиповска на распит кај Русковска за „Рекет“

Од:

Водителката Лила Филиповска пристигна во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. каде што треба да даде изјава во истрагата за „Рекет“.

Како што дознава А1он Лила Филиповска го привлекла вниманието на обвинителката Вилма Русковска откако биле забележани големите позајмици кои му ги дала на Бојан Јовановски.

Неофицијлано, водителката во два наврати префрлала на сметка на Боки 13 или на фирма која е поврзана со него по 20 илјади евра.

Обвинителството за организиран криминал испитува дали парите што Филиповска ги дала како позајмица на Боки 13 се од земениот „Рекет“, кој тој го изнудил од Орце Камчев. Тие ќе проверуваат и како илјадниците евра завршиле на сметката од Филиповска, односно дали се нејзини, и доколку се ќе се бара како се стекнала со нив.

Водителката Филиповска беше во автомобилот на Боки 13 кога полицијата го приведе на граничниот премин „Богородица“. „А1он“ веќе објави дека првоосомничениот во случајот „Рекет“, Боки 13, се обидел да избега од државава заедно со уште четворица, а бил лоциран според базната станица во близина на Гевгелија и запрен на пасошка контрола.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески