„Лифтовите во Џевахир не беа во функција околу десет минути“ – Управителот на кулите демантира дека останале без струја

Од:

Управителот на комплексот високатници „Џевахир“, компанијата „Се клуб Фасилити менаџмент сервис“ демантира дека станарите станарите во двете висококатници во комплексот „Џевахир“, кула А и кула Б останале без електрична енергија која се користи за заедничките простории, ходниците, осветлувањето, лифтовите и за работата на пумпите кои на граѓаните им испорачуваат вода во становите.

„Се клуб фасилити менаџмент сервис ДОО Скопје“ укажува дека лифтовите во кулите не биле во функција околу 10 минути, поради проблем од техничка природа кон чие што решавање е постапено веднаш, повикан е овластен сервисер и лифтовите се повторно ставени во функција за најкраток можен период. Понатаму најостро демантираме дека светлото во заедничките простории (влезови и ходници) било исклучено поради неподмирени обврски кон ЕВН. Осветлување во заедничките простории имаше и има постојано со оглед на тоа што се подмирени сметките од страна на управителот.
Би сакале да појасниме дека долгот во вредност од 6.000.000 денари кон ЕВН постои, но истиот се однесува на потрошена електрична енергија за греење, ладење и топла вода во посебните делови (становите) во кула А и во кула Б односно за ВРВ системот, а не за заедничките простории. Во кула А и кула Б е инсталиран централизиран систем за греење и ладење и топла вода до сите станови, чија што потрошувачка се исчитува од само едно заедничко броило за секоја кула одделно. Поради ова изрично ги отфрламе невистините дека станарите уредно ги подмириле сметките а проблемот и главниот виновник е управителот.
Електричната енергија им е исклучена поради три неплатени сметки. Станарите уредно ги подмирувале сметките кон фирмата сервис за одржување, но таа како управител на висококатниците не ја уплаќала сумата на сметката на ЕВН“, се вели во демантот на управителот.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Денеска електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со струја

А1он

ЕВН: Ниските температури не предизвикуваат повеќе испади од вообичаено во електро-дистрибутивниот систем