Лидија Димова во судница, се одлучува за одземање на пасошите

Од:

Разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, заедно со нејзиниот адвокат, пристигна во Кривичниот суд, каде ќе се одлучува за одземање на нејзините патни исправи.

Лидија Димова има два пасоши од кои едниот е дипломатски. Обвинителката од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, од Судот побара како мерка претпазливост да и биде изречено повремено јавување во судот, одземање на пасошот и забрана за вршење на одредени дејности.

Пред неа на распит беше и осомничениеот Александар Гочев, за кого исто така беа побарани мерки на претпазливост.

Претходно судот одлучи да му биде одземен пасошот на Зоран Златковски, сопственик на фризерницата В.Е.З. Трејд, за која А1он објави дека од Националната агенција добила 270 илјади евра.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори случај по претходна кривична пријава од Финансиската полиција. Во неа се сомничат четири лица, односно, Лидија Димова, Александар Гочев, Зоран Златковски и благајничката Ана Павлиду.

„А1он“ објави дека скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација. Директорката Димова истражувањето го нарече манипулативно и организиран напад врз Националата агенција за европски образовни програми и мобилност. Преку социјалните мрежи, Димова се обиде и јавно да го дискредитира новинарот, заканувајќи се со тужба, на што реагираа и новинарските здруженија. Тогаш, премерот Зоран Заев ги повика истражните институции да ја испитаат работата на Националната агенција.

Во вториот дел од истражувањето, „А1он“ објави дека ангажирани во проект на фризерницата „В.Е.З. Трејд“ обвинуваа дека сопственикот Зоран Златковски им префрлал пари на трансакциска сметка и  барал да му ги вратат во кеш. Златковски на заедничка онлајн прес-конференција посочи дека никогаш не зел пари во кеш.

Обвинувања на сметка на Димова имаше и од пензионираната благајничка во Националната агенција Ана Павлиду. Таа во интервју за „А1он“ посочи дека ѝ бил вршен мобинг, но и дека соработничка на директорката Димова ѝ се заканувала со убиство.

Фризерницата немало да  го добие грантот од над 60.000 евра во акцијата „202“ доколку проектите биле финансирани според ранг-листата што ја направиле евалуаторите. Кога две апликации биле ставени на резервна листа, а една е одбиена за грант од евалуационата комисија, било прифатено да се финансира „В.Е.З. трејд“. Организација која имала повеќе бодови од „В.Е.З. Трејд“ и не е финансирана со образложение дека има конфликт на интереси ја тужи Националната агенција. И Златковски се поврзува со вработена во Националната агенција, со која во минатото работеле на проекти грантирани од „Еразмус+“, но неговиот проект е грантиран.

Би можело да ве интересира

Македонија треба да врати 2,2 милион евра злоупотребени од програмата Еразмус+

Катерина Ѓуровски

Почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова

(ВИДЕО) Лидија Димова не дојде на првото судење со оправдување за влошено здравје, судијката реагира: Не ми се допаѓа ваквиот почеток!

Кристијан Ландов

Обвинение за Лидија Димова, предизвикала штета од 20 милиони денари со злоупотреби

Кристијан Ландов

Вештачење ги дели Лидија Димова и соработниците од обвинение за злоупотребите во Националната агенција

Кристијан Ландов

Лидија Димова ја тужела Агенцијата со која директоруваше, додека чека Обвинителството да одлучи дали ќе ја гони неа

Кристијан Ландов