Лидија Димова ја тужела Агенцијата со која директоруваше, додека чека Обвинителството да одлучи дали ќе ја гони неа

Од:

Обвинителството и по повеќе од година не покрена судска постапка против Лидија Димова, нејзините поранешни колеги и грантираниот Зоран Златковски, но затоа, ексдиректорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја гони институцијата со која раководеше. Предметот против неа е обемен, а во истрагата, обвинителот се прибира уште докази кои може да докажат и дополнителни злоупотреби при нејзиното работење. Истовремено, Димова водела постапка со тврдење дека била незаконски разрешена, дознава „А1он“. Неофицијално, Управниот суд ја отфрлил тужбата, поради технички причини. По ова, таа се жалела до Виш управен суд, кој досега, нема донесено одлука.

dobivaj vesti na viber

За тоа време, Обвинителството смета дека мора да добие уште документи од повеќе институции, за да може да донесе одлука. Бидејќи Димова, сопственикот на фирмата „В.Е.З. Трејд“  Зоран Златковски и надворешниот соработник Александар Гочев се гонат за злоупотреба на европски пари, во истрагата е вклучена и Европска канцеларија за борба против измами (ОЛАФ). Истрагата ќе треба да покаже и дали пензионираната благајничка Ана Павлиду сторила несовесно работење во службата, за што Обвинителството ја сомничи.

„Заради обемноста на прибраниот доказен материјал, како и ограничувањата што произлегоа како резултат на пандемијата, обвинителот го искористи своето законско право да побара дополнително време за спроведување на процесни дејствија од Јавниот обвинител на РСМ.​ Со оглед на сензитивноста на предметот во моментов не можеме да споделиме повеќе детали за истиот“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Случаите се поведоа откога „А1он“ објави дека скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација. Директорката Димова истражувањето го нарече манипулативно и организиран напад врз Националата агенција за европски образовни програми и мобилност. Преку социјалните мрежи Димова се обиде и јавно да го дискредитира новинарот заканувајќи се со тужба, на што реагираа и новинарските здруженија. Тогаш премерот Зоран Заев ги повика истражните институции да ја испитаат работата на Националната агенција.

Во вториот дел од истражувањето „А1он“ објави дека ангажирани во проект на фризерницата „В.Е.З. трејд“ обвинуваа оти сопственикот Зоран Златковски им префрлал пари на трансакциска сметка и  барал да му ги вратат во кеш. Златковски на заедничка онлајн прес-конференција посочи дека никогаш не зел пари во кеш.

Обвинувања на сметка на Димова имаше и од пензионираната благајничка во Националната агенција, Ана Павлиду. Таа во интервју за „А1он“ посочи дека ѝ бил вршен мобинг, но и дека соработничка на директорката Димова ѝ се заканувала со убиство.

Фризерницата немало да  го добие грантот од над 60.000 евра во акцијата „202“ доколку проектите биле финансирани според ранг-листата што ја направиле евалуаторите. Кога две апликации биле ставени на резервна листа, а една е одбиена за грант од евалуациската комисија, било прифатено да се финансира „В.Е.З. трејд“. Организација што имала повеќе бодови од „В.Е.З. трејд“ и не е финансирана со образложение дека има конфликт на интереси ја тужи Националната агенција. И Златковски се поврзува со вработена во Националната агенција, со која во минатото работеле на проекти со грантови од „Еразмус+“, но неговиот проект е со грант.

Би можело да ве интересира

Обвинение за Лидија Димова, предизвикала штета од 20 милиони денари со злоупотреби

Кристијан Ландов

Вештачење ги дели Лидија Димова и соработниците од обвинение за злоупотребите во Националната агенција

Кристијан Ландов

ОЛАФ доаѓа за истрагата против Лидија Димова и фризерницата, ќе ги испитува злоупотребите со обвинителот

Сослушана Лидија Димова за злоупотребите во Националната агенција, поради короната, истрагата ќе биде продолжена

Кристијан Ландов

Ѓоргиевски назначен и за директор, по разрешувањето на Лидија Димова

Кристијан Ландов

Короната го одложува исказот на Лидија Димова, благајничката и соработникот, но и одлуката за обвинението

Кристијан Ландов