Лидерот на ДУИ се сретна со американскиот амбасадор Пол Волерс

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во Амбасадата на САД се сретна со американскиот амбасадор Пол Волерс.

На средбата, како што информира ДУИ, двајцата соговорници разговарале за политичките случувања во земјата, спорот за името и евроатлантската интеграција, за учеството на странските борци во конфликтот на Блискиот исток, случајот „Монструм“, судството, како и за извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Ахмети ја повторил безрезервната поддршка на партијата за напорите да се спречи учеството на македонските граѓани и на граѓаните од регионот во конфликтите на Блискиот Исток.

Во врска со прашањето за името, Ахмети уште еднаш ја истакнал важноста за постигнување компромисно решение со Грција и поголем меѓународен ангажман.

За случајот „Монструм“, Ахмети побарал вклучување на американски експерти со цел, како што се наведува во соопштението, процесот да го добие изгубениот кредибилитет и да се врати довербата кај граѓаните во судството.

Од страна на ДУИ е повторен и повикот за враќање на опозицијата во Собранието.

Двајцата соговорници разговарале и за меѓуетничките односи, како и за потребата од проток на американски инвестиции во слободната економска зона во Тетово, изградбата на патиштата Скопје-Блаце, Гостивар-Кичево, итн.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата