Лидерот на ДУИ се сретна со американскиот амбасадор Волерс

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска се сретна со американскиот амбасадор Пол Волерс со кого разговараше за политичките случувања во државата, неговите посети на Берлин, Тирана и Софија, како и за потребата од постигнување на компромисно решение за името.

Ахмети, како што соопшти ДУИ, го информирал американскиот амбасадор за средбите што ги имал во Берлин, Тирана и Софија, како и за напорите на партијата за поттикнување за решавање на спорот со името.

Лидерот на ДУИ побарал поголема и директна ангажираност од Вашингтон за да се олесни постигнувањето на компромис со јужниот сосед и најавил дека ќе продолжи со промотивната кампања за придобивките на земјата од зачленувањето во НАТО.

– ДУИ е посветена Македонија да стане полноправна членка на НАТО и ЕУ и прави напори да поттикне конструктивна дебата во целото општество за придобивките што земјата и регионот ги имаат од евроатлантскиот интегративен процес. Овие напори треба да наидат на храбра поддршка од сите општествени сегменти затоа што зачленувањето во НАТО и започнувањето на преговори за членство во ЕУ носи одржлив мир, сигурност и стабилност, како и економски развој, наведуваат од партијата.

Амбасадорот Волерс ја повторил поддршката на САД за зачленувањето на Македонија во евроатлантските структури.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански